Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека е се поблиску до постигнување мировен договор со Иран. Но, ако тоа не се случи, се заканува со нови напади.
Тој нагласи дека најверојатно нема да мора да го продолжи прекинот на огнот со Иран, кој истекува следната недела и дека Иранците сакаат да се постигне договор, па тој е „подготвен да прави работи денес што не беше подготвен да ги направи пред два месеца“.
Трамп објави дека нова рунда преговори со Иран би можела да се одржи во текот на викендов, а во случај тие да не успеат, вети дека ќе ги продолжи нападите.
-Иран сака да склучи договор и ние сме многу добри со нив. Тие не смеат да имаат нуклеарно оружје… тоа е голем фактор. И тие се подготвени да прават работи денес што не беа подготвени да ги направат пред два месеца. Многу е веројатно дека ќе склучиме договор со Иран и тоа ќе биде добар договор. Тоа ќе биде договор без нуклеарно оружје, рече тој, додавајќи дека размислува за патување во Пакистан, доколку разговорите успеат, бидејќи сака лично да го потпише мировниот договор.




