Екипата на Ал Хилал од Саудиска Арабија, минимално со 1:0 го доби првиот натпревар од финалето во азиската Лига на шампиони во фудбал.

Ал Хилал на свој терен го совлада Урава од Јапонија со гол во 60-та минута на Перуанецот Андре Карилјо. Реваншот се игра на 24 ноември во Саитама. Победникот од овој двобој, во декември ќе учествува на светското клупско првенство.

На патот до финалето, Урава елиминираше екипи од далечниот исток, додека Ал Хилал се покажа како најдобар од арапските тимови на азискиот континент, па предноста од 1:0 не гарантира титула и ќе има голема битка за трофејот.