Километри подземни шуплини постојат под улиците на Рим, покажа една научна студија, во која се наведува дека постои голм ризик од тонење на почвата.
Италијанските власти за води неодамна имаа истражување на теренот под градот и измерија 32 квадратрни километри подземни тунели, по што тие побараа „итна интервенција“.
Подземните дупки ја ослабуваат површината и го зголемуваат ризикот од појава на отворање на земјата.
Во изминатиот век Рим бележел појава на отворени дупки по 30 пати годишно, но од 2008 година тој број се зголемил тројно. Само во првите пет месеци во 2008 година имало 83 инциденти, со појава на пропаѓања на земјиштето за само неколку секунди и биле толку големи што со себе голтале автомобили.
Најтешко се погодени старите делови на градот, како што е античкиот Аписки пат кој се движи југоисточно, сега делумно претворен во заобиколница. Зоната под римскиот автопат е преполна со шуплини, катакомби, подруми за одгледување печурки и други вековни стари населби, а само во последните две години таму се забележани девет кратери.
Побарана е итна акција, градот планира проект вреден милиони евра, но засега напредокот е многу бавен.
Рим има сериозен проблем со својата инфраструктура. Дури мината недела е скратена патеката во финишот на трката за Џиро д‘Италија, откако велосипедисти се пожалија на откорната калдрма или распукан асфалт што било опасно да се вози.