Директорот на „ Акција Плус“, организација која се занимава со социјални прашања, вклучително и употреба на дрога, Генци Мучолари, изјави дека во Албанија во постојан раст е бројот на млади кои користат хероин и кокаин.

– Поаѓаме од бројките што ги имаме во нашите центри, но и од бројките што ги објавува Министерството за здравство, каде се забележува постојан раст на бројот на корисници на дрога. На пример, ако во 1995 година имало бројка од 6.000 корисници на сите видови дроги, сега се околу 50.000 до 60.0000 корисници, додека 7.000 до 8.000 се корисници на тешки дроги, на кои им е потребна терапија, третман. И во нашиот центар има раст на бројот, каде ако пред пет години имавме околу 700-750 клиенти. Сега станува збор за 950 и бројките растат, истакна Мучолари, гостувајќи во емисија на Ора њуз.

Според него уште позагрижувачка е појавата што меѓу корисниците на дрога се поголем е бројот на оние на мала возраст, каде што најниската е 10-годишна возраст.

Зборуваме за корисници кај младите каде бројот е зголемен, употребата на хероин и кокаин е речиси двојно зголемена. Просечната возрасна група е од 22 до 35 години, има и случаи на хероин каде оди и до 10-годишна возраст, додава тој.

Мучолари зборуваше и за тешкотиите со кои се соочуваат бидејќи немаат кадар за да се справат со напливот на луѓе на кои им е потребно лекување.

– Имаме несоодветен кадар за да се справиме со ова алармантна состојба. Само во центарот во Тирана имаме 220 клиенти со персонал од четири до пет лица… Нашата работа е тешка, па поради недостиг на кадар не се постигнува потребниот квалитет, констатира Мучолари.