Мостот на Дроја, кој ги поврзува Мамураси, Фуш Круја и Тумане повтпорно ќе биде изграден, соопшти министерот за енергија и инфраструктура на Албанја, Дамјан Ѓикнури.

Тој денеска беше на местото каде се врши реконструкција на мостот кој беше речиси целосно уништен во попклавите од пред еден месец.

„Во соработка со компанијата Титан и албанската агенцја за патишта се обидуваме да го вратиме мостот во неговата претходна состојба. Инвестицијата за тоа ќе чини 1 милион албански лек“, рече министерот.

Мостот ќе биде 10 метри широк, во две насоки и ќе има тротораи од двете страни. Реконструкцијата ќе трае 3-4 месеци.