Еврото можеби се приближува кон уште една криза. Италија, третата по големина земја во еврозоната, избра влада која може да се опише како евроскептична. Тоа никого не треба да изненадува.

Бурната реакција во Италија е уште една предвидлива епизода во долгата сага за лошо смислениот валутен аранжман во која доминтната Германија ги отежнува неопходните реформи и инсистира на политика која ги влошува постојните проблеми.

Економијата на Италија стои лошо уште од воведувањето на еврото. Нејзиниот реален БДП во 2016 година (пресметувајќи ја и инфлацијата) бил ист како тој во 2001 година. Но, ни состојбата во останатиот дел од еврозоната не е добар. БДП во еврозоната, повторно имајќи ја предвид инфлацијата, од 2008 до 2016 година пораснал за само три отсто. Во 2000 година, една година откако е воведено еврото, американската економија беше за 13 отсто поголема од еврозоната. Во 2016 година тоа изнесуваше 26 отсто. По реалниот раст од 2,4 отсто во 2017 година, недоволен да се надомести штетата сторена претходно, економијата на еврозоната повторно застанува.  

Ако растот на една земја е лош, обвини ја државата. Ако растот на повеќе држави е лош, тогаш обвини го системот. И како што реков во својата книга „Евро: Како заедничката валута и се заканува на иднината на Европа“, еврото е систем кој е смислен за да пропадне. Тој на владите им ги одзема главните механизми за порамнување (камати и девизни курсеви), а наместо создавање институции кои би им помогнале на државите да се носат со различните ситуации во кои ќе се најдат, тој им наметнува нови ограничувања, често пати врз основа на дискредитирани економски и политички теории, на дефицити, долгови, па дури и структурална политика.                    

Еврото требаше да донесе заеднички просперитет, што би ја засилило солидарноста и би ја унапредило целта на европските интеграции. А постигнато е спротивното – забавување на растот и сеење раздор.

Проблемот не е во недостатокот на идеи како да се оди напред. Францускиот претседател Емануел Макрон во два свои говори – во септември минатата година на Сорбона и кога ја примаше наградата Карло Велики за допринос кон европското единство во мај – изрази јасна визија за европската иднина. Но, германската канцеларка Ангела Меркел успешно ги минира неговите проекти, предлагајќи, на пример, смешно мали суми за инвестиции во подрачја во кои се итно потребни.

Во својата книга истакна дека итно е потребно да се воспостави заедничка шема за осигурување на депозити за да се спречат активности против банкарските системи во слабите држави. Изгледа дека Германија го сфаќа значењето на банкарската унија за функционирање на единствената валута, но како и во случајот со св. Августин, нејзиниот одговор е: „О, Господе, направи ме посиромашен, само почекај уште малку“.

Банкарската унија очигледно е реформа која ќе биде спроведена во некој момент во иднината, без оглед на тоа колку штета се прави во моментов.

Централниот проблем е да се корегира неускладеноста на девизните курсеви како тој во Италија. Одговорот на Германија е во тоа товарот да се стави на грбот на послабите држави кои веќе имаат проблем со големаат невработеност и ниските стапки на раст. Знаеме каде тоа води – кон поголема болка, поголемо страдање, поголема невработеност и побавен раст. Дури ако на крајта растот се врати, БДП никогаш нема да го постигне нивото доколку сега се биде порационален. Алтернативата е да се префлри товарот на порамнување кон посилните држави со повисоки плати и поголема потрошувачка.

Веќе многу пати сме ги виделе првиот и вториот чин од оваа драма. Ќе се избере нова влада која ветува дека добро ќе преговара со Германците за крај на мерките на штедење и за порационални структурни реформи. Но, тоа воопшто не е доволно за промена на економскиот курс. Антигерманскиот сегмент јакне, и секоја влада, лева или десна, која сака реформи, набргу бива сменета. Така се доаѓа до ќорсокак.

Политичките лидери ширум еврозонта влегуваат во состојба на парализа – граѓаните сакаат да останат во ЕУ, но не сакаат штедење и сакаат просперитет. Кажано им е дека не можат да го имаат и едното и другото. Секогаш полни со надеж дека ќе дојде до промена на мислењето во северна Европа, владите опстануваат на истиот курс, а страдањата на нивниот народ се продлабочуваат.

Владата на португалскиот премиер Антонијо Коста претставува исклучок од овој шаблон. Коста успешно и го врати растот на својата држава (2,7 отсто во 2017 година) и има огромна популарност (во април оваа година 44 отсто Португалци сметале дека стореното од Владата е над очекувањата).

Италија може да се биде уште еден исклучок – но, во поинаква смисла. Таму, антиевропските пораки доаѓаат и од лево и од десно. Бидејќи неговата десничарска Северна лига е на власт, лидерот Матео Салвини, искусен политчар, може да успее да ги оствари сите закани кои почетниците во другите држави се плашат да ги остварат. Италија е доволно голема и има доволно добри и креативни економисти за да може да раководи со дефакто излегувањето – накратко, воспоставувањето на флексибилна валута би можело да помогне во обновување на просперитетот. Со тоа би биле прекршени правилата на еврото, но товарот во тој случај би бил префрлен на Брисел и Франкфурт, со што Италија би навивала за парализа на ЕУ за да спречи конечен колапс. Но, каков и да биде резултатот од ова, еврозоната ќе биде во рушевини.

До тоа не мора да дојде. Германија и другите земји од северна Европа можат да го спасат еврото со поголема хуманост и флексибилност. Но, бидејќи многу пати сум ги гледал првите чинови од вакви драми, не се надевам на тоа.