Албанскиот премиер Еди Рама објави дека ќе ја извршува и функцијата шеф на дипломатијата се до назначувањето нов министер за Европа и надворешни работи на Албанија.
– Претседателот Илир Мета не ја потпиша уредбата за назначување нов министер за Европа и надворешни работи, во уставниот рок. По последователното кршење на Уставот ќе се соочиме во новиот Уставен суд. До тој ден, што ќе биде набрзо, ќе бидам „де јуре“ во оваа улога, бидејќи немаме време за губење по барање на претседателот, напиша Рама на Твитер.
Албанскиот претседател Мета не ја потпиша уредбата по доставениот предлог на Рама за реконструкција на Владата, со кој на местото на досегашниот шеф на дипломатијата Дитмир Бушати го предлага Косовецот Гент Цакај, со образложение дека Цакај го нема потребното дипломатско искуство за оваа значјна функција и оти е човек кој ја подржува идејата за промена на гранците меѓу Косово и Србија.
Инаку, Албанија речиси една годна нема Уставен суд, поради спроведувањето на проверката на потеклото на имотот, при што од девет членови во Судот се останати само двајца.