Диспечери од канадската контрола на лет купија стотици пици за американските колеги во изминатите денови како помош на јужниот сосед заради делумната блокада на работата на американската влада.

Иницијативата е почната во четвртокот од Канадската асоцијација за контрола на лет, од контролниуот центар во Едмонтон. Тие собрале пари за да им купат на диспечерите во Енкориџ, на Аљаска.

Вкупно 36 центри за контрола на воздушниот сообраќај добиле пици од Канада.

Околу 10.000 контролори на лет во САД работат без плата од крајот на декември поради делумната блокада на работата на владата.

До вчера, на Американците им се испратени повеќе од 300 пици. Голем број од нив објавија фотографии на социјални мрежи од „помошта“. Според канадски медиуми, и синдикатите бараат начини да им помогнат на американските колеги.