Албанскиот претседател Илир Мета денеска одржа едночасовна средба со Националниот совет за безбедност.

По средбата тој на Фејсбук напиша дека на состанокот било разговарано за што потесна соработка и координација меѓу сите институции за справување со вонредната состојба како последица од катастрофалниот земјотрес, па се додека не се врати целосната нормалност.

-Ние го подржувавме обвинителството да ја придвижи истрагата напред и да ги доведе пред кривична одговорност сите оние кои ќе се потврди дека се одговорни. Да се обезбедат домашните ресурси и меѓународната поддршка потребна за надминување на тешките последици од овој ужасен земјотрес,напиша Мета.

На седницата на Националниот совет за безбедност присуствуваше и премиерот Еди Рама, спикерот на парламентот Грамоз Ручи, државната јавна обвинителка Арта Марку,министри, првите луѓе на полицијата, армијата, на Кризниот штаб,како и советниците на претседателот за правни и безбедносни прашања.