Албанија има убедливо најмалку починати од почетокот на кризата со Ковид 19, од сите балкански земји, а пет пати помалку од Макеоднија. Земјата брои 11 починати на милион жители или вкупно 33, иако, од сите балкански земји има веројатно најбројна популација на работа во Италија. Истовремено, Македонија има 59 починати на еден милион жители или вкупно 119.

Земјата има регистрирано 1050 позитивни, што е двојна помалку до Македонија која има над 2000 со милион жители помалку, но и речиси два ипол пати помалку тестирани: 4 700 наспроти над 12 000 во Македонија.

Но, ако постпо корелација меѓу бројот на тестови и бројот на откриени носители на вирусот, бројот на починати и болни е тој, и тој број покажува дека оваа држава на која често гледаме со потсмев, убедливо подобро се справува со кризата од „дрим“ тимот во Македонија на чело со Супермен Филипче.