Пратеничката од Демократската партија, Јорида Табаку, денес објави документи според кои, како што наведе таа, се открива дека премиерот на Албанија, Еди Рама на својот брат му дал тендери вредни 15 милиони евра. Ова се случувало во период од 5 години.

Според Табаку, на тенедерските процеси се фаворизирале луѓе поврзани со Владата.

„Фирмата Адванс бизнис солушнс“, која Демократската партија денес разоткрива, се офајдила со 15,6 милиони евра од тендери објавени од септември 2013 година до сега и тое не е случајно, зашто таа е поврзана со семејтвото на премиерот, односно е во заедничка сопственост на неговиот полубрат Арманд Франгу, кој заедно со фирмата Б360 секогаш учествуваат на исти тендери и секогаш добиеното си го делеле“, обвини Табаку.

Таа, како што пренесе Албаниан дејли њуз, доаде дека треба да бидете член на семејството на Рама или личност со криминлано досие, за да добиете јавен тендер.