Едно семејство од Албанија е уапсено вчера на границата меѓу Црна Гора и Хрватска, откако полицијата открила 53 вреќи со канабис сатива во нивниот автомобил.

Возачот (41), неговата жена и децата сите од Албанија, се обидувале да влезат во Хрватска со 53 пакувања марихуана. Граничната полиција ги запрела откако им станале сомнителни заради силниот мирис на марихуана кој се чувствувал од автомобилот.

Потоа тие направиле детален претрес, а дрогата ја пронашле распоредена на повеќе места, меѓу друго и под колата и под седиштата