Алдо КЛИМАН
САМОЖРТВА
Денес е повеќе одошто јасно дека големата саможртва на нашите уставобранители, на тие решителни македонски патриоти и храбри поединци, не беше доволна да се спречи безобѕирното квислиншко-големолабанско насилничко цунами, невидениот велепредавнички злостор, државниот удар, извршен во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017, и се разбира сето она брзопотезно дивјачко растурање, поништување и обеспредметување на македонските државни институции, распродавање и бришење на македонската политичка и културна историја, на македонското име и на македонскиот национален идентитет и јазик. И не само тоа, таа нивна саможртва, со сето она што уследи потоа со нивното апсење и нарачано заевско безочно политичко судење и осудување во монтираните процеси на сурова заедничка вековна затворска казна за тероризам, им даде крилја и невиден садистички замав на злосторникот Зоран Заев, на неговите самрачни заевисти и на безобѕирниот големоалбански уличарски смет за нови и нови политички и криминални злосторства против македонскиот народ и против Република Македонија.
Но, сценариото на националниот институционален суицид низ одлуките на киднапираниот македонски парламент, всушност, беше и многу посложено конципирано одошто воопшто можеше и да се претпостави. Се покажа дека ступидната и простачка кукла на конец, или, подобро, кукла на разни конци, зависно од тоа кој и на која страна ќе ги повлечеше, Зоран Заев, си имал во ракавот и своја уште поступидна и побезочна самозаљубена дрвена сурогат кукла на конец, Димитар Ковачевски, кој, како што се покажа, има добиено конкретна задача по скратена постапка да ја доврши морбидната, трагична претстава на европскиот “куклен театар” во Македонија. Си спомнувате, нели, на зборовите на Заев во времето на неколкукратното давање-недавање оставка, дека оставката ќе ја активирал „штом ги стабилизира партијата и државата“. Сега на дело гледаме што му значеше тоа: и натаму полициски совршено покриен безобѕирен велепредавнички комплот со бугарските и европските власти во поништувањето и во капитулантското предавање на последните, највитални национални вредности, македонскиот јазик и македонскиот идентитет, што ги подразбира и целокупната македонска национална историја и сите најголеми македонски личности од минатото. И еве, сега, пред наши очи, штотуку се одвива последниот чин на тој морничав багателен водвиљ на одвратни демаскирани балкански кукли на конци, криминалци, кловнови и мизерни шутови на сосема споулавените и цивилизациски дезориентирани европски господари.
Да не се залажуваме, во овие најсурови, најпресудни, решавачки моменти за судбината на македонскиот народ, постои само еден единствен излез: целосна радикализација на отпорот кон ненародната и антидржавна власт, сѐ до нејзиното соборување. Никакви референдуми, ниту глупави лидерски средби и преговори со квислинзите за некакви консензуално договорени предвремени избори. Ниту со едното, ниту со другото тие никогаш нема да се согласат, а имаат доволно институционални алатки, разработени подмолни политички механизми и неизмерно многу искуство во минирањето и во насилното газење и гаснење на демократијата и на демократските процеси. Затоа е нужно итно, решително и достоинствено, но и со далеку порадикални ставови и постапки од оние што ги видовме на мирните протести на граѓаните, пред народот, како вистински национални водачи, да застанат и да го поведат и други, нови, одбрани, храбри, способни, благородни патриотски личности, и самите безрезервно подготвени дури и за нова македонска историска саможртва, која, впрочем, ќе ѝ даде целосна смисла и на саможртвата на уставобранителите. Во спротивното, ни останува нашите неправедно осудени и заточени уставобранители само повремено пригодно куртоазно да ги величаме, и само по разни инцидентни поводи да ги спомнуваме, и виртуално на социјалните мрежи да им се заблагодаруваме, сѐ до целосниот конечен банкрот на тој мрачен македонски велепредавнички северџански театар, и до ставање клуч во неговата расшрафена, ‘рѓосана брава. На прашањето, пак, дали ние воопшто имаме такви личности, без задршка одговарам: „Да, имаме, апсолутно“, само во најшироката јавност треба сосема да се смени устоената перцепција на лидерската релевантност на партитократите во разврзувањето на овој македонски Гордиев јазол, и во преден план да се стави кохезиската сила на одделни јаки личности со интелектуална, професионална и морална харизма. Не е важно на кој начин натаму, по соборувањето на заевско-големоалбанската хунта, организмот на македонската држава ќе се реорганизира и ќе се движи, но битно е исколчените демократски механизми и институциите да се вратат во своите природни зглобови, и на демократијата да ѝ се отворат дишните патишта, бидејќи сега е сосема задавена, задушена, и натаму безочно се задушува со крајно нелегитимни, насилни, „балкански“ премостувања и октроирања на разни измислени премиери, министри и други високи функционери од сдсмовскиот и големоалбанскиот партизиран криминален сој.
Сосема е јасно дека ништо нема да се случи само од себе! Тоа што сега се случува само од себе, по веќе зададената стравотна инерција, тоа е забрзано и сигурно умирање на нацијата, тешко отруена од смртни, подмолни лаги, од самопрезир и самонедоверба, од невидена раскараност на македонскиот народ и од тешкото самопонижување пред баграта мизерни, нехумани луѓе, безобѕирни криминалци, подготвени на сешто и на секакви мрачни крајности.
Прашањето е дали и ние сме подготвени на тоа сѐ и сешто и на сите крајности што ни се готват и кон кои нѐ водат како овчички на колење? Можеме ли во оваа нерамноправна и решавачка битка на живот и смрт со злосторниците сите заедно да собереме непоколеблива решителност, еруптивни сили за борба и, се разбира, готовност за саможртва, и на клоци да ги разбркаме гнилите, аморални, аналфабетски наци-фашистички слуги од нашите македонски државни и национални институции, и повторно да ги преземеме во свои раце, зашто тие му припаѓаат на македонскиот народ, или пак, таго невидена! – веќе сме тивко помирени со судбината и молкум подготвени на она друго страшно, катаклизмично што во спротивното нѐ чека – нашиот конечен бледникав национален крај, нашето ноктурно, нашето исчезнување во ништожноста и во општиот заборав, кои се застрашувачки толку, толку блиску?