Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри застана во одбрана на Кристијано Роналдо кој се почесто е мета критики поради неефикасноста во новиот клуб.
Португалецот веќе три рунди го чека својот првенец во Серија А, а не вчерашниот меч со Парма не успеа да се запише во листата на стрелците и покрај големиот број удари кон противничката мрежа.
– Има денови кога едноставно не ви оди. Сепак не треба да се гледа само голгетерскиот ефект на Роналдо. Тој на нашите натпревари игра и за другите, им подготвува шанси, ставен е во функција на колективот. Најдобар е на светот и нормално е да сака да ја погоди целта. Има време, сезоната е долга. И тој ќе постигнува голови. Најважно е тимот да победува, изјави Алегри.
Јувентус има три од три сезонава во Серија А каде ја брани шампионската титула.