АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ: Нема неповратни процеси, можно е и НАТО и ЕУ и зачувување на Уставот!!

/ 13.01.2019

Ние и после пропаста не референдумот кажавме дека Преспанскиот договор е политички мртов и празно слово на хартија. Останува да се бориме и да продолжиме да работиме како политичка партија овој договор на крајот на денот е политички мртов, истакна денеска Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, при гостувањето н ТВ Телма.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги користи сите механизми кои што ни стојат на располагање, а првиот ден кога ќе сме на власт и затоа ги бараме изборите, ќе направиме се, затоа што овој договор за Македонија е возможен. Возможно е Македонија да е дел од ЕУ и НАТО и во исто време да не треба да се промени Уставот, со цел промена на името, тоа е возможно со силна дипломатија и експерти покрај себе. За жал ние имавме 60 експерти ангажирани од Грција, а од другата страна двајца луѓе Заев и Димитров кои што по секоја цена сакаа овој договор, едниот да се спаси од кривичен прогон, другиот надевајќи се на политичка кариера, рече Николоски.

Тој додава дека неповратни процеси во историјата нема и вели дека со согласност на двете држави се менуваат амандманите и се подобруваат истите.

-Се е менливо и минливо во животот и во таа насока мислам дека силна дипломатија пропратена со експерти може да го направи тоа, а паралелно мора да се работи на подобрување на економскиот стандард, рече Николоски.

Тој додаде:

-Не сме дел од ова сррамна трговија која што нема да донесе ништо друго освен нарушување на македонскиот идентитет, губење на националните позиции и за жал промена на името. И од таа страна ние сме горди бидејќи не сме дел од тоа сценарио, иако се направија секакви обиди и уцени ВМРО-ДПМНЕ да биде дел од овој процес. За мене лично оваа држава ќе продолжи да се вика Македонија без разлика на се, рече Николоски при гостувањето во вестите на Телма.

 


Од истата категорија