Резервниот пилот на Алфа Ромео, Маркус Ериксон пристигна во Спа, наместо да се упати кон Портланд за следната рунда од Индикар серијата.

Според „Аутоспорт“ тој може да учествува на трката за Големата награда на Белгија како замена за Антонио Џовинаци или Кими Раиконен.

Ериксон ќе ја прескокне трката од Индикар во Портланд, а на негово место во тимот на Ароу Шмит Петерсон ќе биде Конор Дели.

Алфа Ромео објави фотографијата на Ериксон на својот профил на Твитер.

Гран-при во Белгија ќе се одржи од утре до 1 август.