Дефанзивецот на Фиорентина, Кристијано Бираги стана играч на Интер, според официјалната веб-страница на клубот.

Тој замина на позајмица во Милано до крајот на сезоната со можност за откуп на договор што го има со „виолетовите“ од Фиренца.

Дваесет и шестгодишниот Бираги  минатата сезона одигра 40 натпревари за Фиорентина и постигна еден гол со шест асистенции.