Новиот македонски репрезентативец Дин Аломеровиќ одговори на првиот повик од селекторот Гоце Седлоски.
Бекот кој настапува со успех во Романија за УТА Арад ги сподели првите по собирот.
„Чувството е прекрасно, со голема чест и задоволство сум тука. Желба ми беше од мали нозе да дојде денот да заиграм за А-репрезентацијата. Порано бев член во сите младински категории, а сега фала му на Господ се најдов тука и во сениорскиот тим. Со добрите игри и благодарение на стручниот штаб, мојата желба се исполни.
Јас како дебитант не можам да ги најавам следните натпревари. Не го познавам тимот во целост, знам половина од играчите, но сакам да верувам во тимот. Знам дека имаме квалитет да се носиме со сите, па така и со Босна и Турција.
Се е до стручниот тим, како ќе не постават. Мислам дека нема да имаме проблем што се однесува до двете средби“, ни изјави Аломеровиќ.




