Министерката Царовска со шал на луксузната марка „Гучи“ кој чини 300 евра се сретна со синдикалците, јавува репортерот на Алсат телевизија.
Царовска, прво го прошетала скапиот шал на средба со претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура во земјата, Јаким Неделков, како и со други претставници на синдикатот.
Царовска потоа се состана со претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа Петре Шилегов, како и со други претставници, од каде доби поддршка за реформа на образовниот процес на локално ниво, пренесува Алсат.
Но, она што се истакна при презентацијата на министерката, е шалот на луксузната марка „Гучи“. По кратко пребарување на Интернет, може да се заклучи дека овој модел што денес го носеше Царовска чини од 260 до 300 евра, објави телевизијата.
Инаку, просечната плата во Македонија е околу 450 евра или Гучи ипол. Во шалови!