Информациите за наводни контакти меѓу американски и српски функционери и обидот да се влијае на САД за одлуката за евентуални избори во Србија не се точни, соопшти вечерва на социјалната мрежа Х американската амбасада во Белград.

„Не се точни вестите за наводни контакти меѓу американски и српски претставници и обидот да се влијае на САД за одлуката за евентуални избори во Србија. Ова е прашање за кое исклучиво одлучуваат избрани српски претставници и САД немаат никаква улога во тој процес“, соопштија од Амбасадата.

Во продолжение, американската амбасада на социјалната мрежа ја објави веста на агенцијата Бета, со изјавата на поранешниот дипломат Небојша Вујовиќ.

Вујовиќ претходно денеска изјави дека САД нема да дозволат распишување вонредни парламентарни избори во Србија до крајот на годината, поради неисполнетите обврски од Охридскиот договор.

Тој за агенцијата Бета изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ добил сериозни предупредувања од американскиот државен секретар Ентони Блинкен и неговите пратеници Џејми О’Брајан и Џејми Рубин да не распишуваат парламентарни избори додека не ги исполни прифатените обврски од Охридскиот договор.

„Америка се противи на распишување вонредни парламентарни избори поради страв дека опцијата на Вучиќ нема да претрпи пораз“, рече поранешниот дипломат.