Епидемијата на КОВИД-19 во 2020 година прерасна во голем тест за човештвото во ерата на глобализација, како и екстремен стрес-тест за дигиталното владеење. Меѓународната заедница веќе неколку месеци се соочува со КОВИД-19 и на луѓето им е се појасно дека дигиталната технологија прерасна во потребната инфраструктура за економски развој и општествено управување, вели кинескиот амбасадор во земјава Џанг Ѕуо во колумната за МИА.
Кина во голема мерка ја користи дигиталната технологија во борбата против епидемијата, нагласува Џанг Ѕуо и додава дека ова искуство многу ќе помогне во заложбата за изградба на глобална здравствена заедница. Во продолжение е целата колумна на кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо за МИА:
I. Борба против епидемијата со дигитална технологија и помага на Кина да постави репер и да обезбеди модел за изградба на здравствена заедница.
Според експертите на Светската здравствена организација, беше погодно и ефикасно за Кина да употреби, на еден сеопфатен начин, големи податоци, вештачка интелегенција, 5Г и други технологии за реализација на онлајн клиники за тестирање, онлајн дијагноза и лекување, како и „здравстени кодови“ како сертификати за неинфицирани луѓе. Епидемијата на КОВИД-19 е вонредна состојба од огромни размери поради најбрзо ширење и најголем број инфекции, и претставуваше една од најтешките инфекции за превенција и контрола во Кина уште од формирањето на Народната Република во 1949 година. Сепак, под личното водство на Претседателот Си Џинпинг, Кина воспостави унифицирана и ефикасна командна платформа со помош на големи податоци, а исто така и формулираше регионална различна епидемиолошка контролна стратегија според пристап заснован на конкретни региони и нивоа. Изведовме таргетирана епидемиолошка контрола со големи податоци, со целосна употреба на онлајн ресурси и информациски алатки за епидемиолошка превенција и контрола, и воспостави сеопфатен онјалн и офлајн контролен систем.
Клауд (облак) заедница, обработка во облак, претплата во облак, канцеларија во облак, училница во облак и многу други апликации го забрзаа пристигнувањето на „ерата на облак“ во Кина. Преку изградба на најголемиот светски и најширокиот онлајн систем за директно известување, т.н. „унифицирано управување во една мрежа“, Кина е во можност да врши рано откривање, рано известување, ран карантин и ран третман. Ова ја подобрува општествената ефикасност и обезбедува таргетирана епидемиолошка контрола.
-Јакнење на дигиталната медицинска инфраструктура. Врз основа на онлајн платформата, ние успеавме да утврдиме таргетирано совпаѓање на понуда и побарувачка на медицинска опрема, ефикасно производство, целосно ангажирање на ресурси и рециклирање. Националната комисија за здравство, заедно со Tencent и BAIDU, подготви навигациска мапа на назначени болници и клиники за тестирање за КОВИД-19.
JD.com, Alibaba, Tencent, Ping An Good Doctor, Ding-Dang Express Doctor и други платформи ја поставија услугата „Бесплатната онлајн клиника“, која овозможува онлајн консултација за температура, домашна заштита, медицинска помош, психолошко советување и други услуги.
Интернет гигантите најдобро ја искористија нивната ефикасност и флексибилност во борбата со епидемијата. Преземените функции слични на хардвер на инфраструктурата одиграа важна улога во поддршката во првите борбени линии, логистичката поддршка, како и поддршка на луѓето преку нудење на информации и услуги за производи, ресурси за координација и обезбедување на големи податоци и поддршка преку алгоритми.
Благодарение на нивната поддршка можеа да се изградат болниците Леишеншан (Планина на богот на грмотевицата) и Хуошеншан (Планина на богот на огнот) во Вухан за 10 дена од страна на 20.000 луѓе кои работеа деноноќно, поставувајќи по еден прозорец на секои десет секунди и ѕиден панел на секои две минути во просек. Поминаа само 12 часа од донесувањето на одлуката и почетокот на градбата, во кое време беа завршени планирањето, организацијата и координацијата на различните процеси и процедури. Повеќе од 100 специјализирани болници или теренски болници беа изградени во Кина во овој период.
II. Борба против епидемијата со употреба на дигитална технологија помага во унапредувањето на меѓународната здравствена соработка и отвора пат за изградба на здравствена заедница.
Кина го засилува пробивот во медицинска технологија и опрема преку организирање на ИТ компании и институции за медицински истражувања заедно да решаваат клучни прашања, како и воспоставување и подобрување на превенцијата од болести и контролни механизми. Кинескиот медицински и научно-истражувачки кадар се тркаат со времето во подобрувањето на мерките за дијагноза и третман, постојано кревајќи ја стапката на лекување и намалување на стапката на смртност. Со брзината што ја има Кина, земјата се здоби со скапоцено време во глобалната превенција на епидемијата. Преку силата на Кина, земјата направи значајна линија на одбрана за контрола на ширењето на епидемијата.
Неколку седмици претходно, знаејќи дека медицинските материјали на Кина се трошат, многу земји во рамките на иницијативата „Еден појас, еден пат“ и понудија помош на Кина на многу начини. Повеќе од 170 земји и 50 меѓународни и регионални организации, како и 300 странски политички партии искажаа сочувство и и дадоа поддршка на Кина (овие податоци се заклучно четврток). Имајќи предвид дека превенцијата на епидемијата и напорите за нејзино контролирање имаат позитивна тенденција, а кинеското производство постепено продолжува, Кина почна да донира медицински материјали на другите земји и да испраќа тимови од медицински експерти. Ова претставува јасен приказ на градење на заедница на човештвото со споделена иднина.
Кина посветува особено внимание на продлабочување на меѓународната соработка на полето на здравството. Кина во рекордно време ги сподели нејзиното научно истражување и податоци со СЗО и светот, како и генетската низа на вирусот, вклучително и индикаторот на нуклеинска киселина и пополнувањето на низите, што е од суштинско значење за производство на тестови. Кина организираше теренски истражувања од страна на заеднички експертски групи на Кина и СЗО, кои дадоа конструктивни предлози за епидемиолошка контрола во Кина и светот. Кина изведе научно-истражувачка соработка со одредени земји, особено оние со висока стапка на инфекции, во области како што се откривање, лекови, вакцини и тестирање.
Кина обезбеди помош за 140 земји и меѓународни организации, вклучително СЗО, ЕУ и АУ, и испрати 17 тимови од медицински експерти во 15 земји, вклучувајќи ги Италија, Русија, Србија, Камбоџа и други. Кина одржа видео конференции со експерти од повеќе од 150 земји во Североисточна Азија, Јужна Азија и Централна и Источна Европа и АСЕАН, ЕУ и АУ и други регионални и меѓународни организации (овие податоци се заклучно четврток). Кина воспостави онлајн центар за меѓународна превенција и контрола на КОВИД-19. Кина ја објави верзијата 7 на планот за третман и верзијата 6 на планот за превенција и контрола, со цел земјите низ целиот свет да можат да усвојат различна стратегија заснована на напредок и проценка на ризик на својата епидемиолошка состојба без да треба повторно да го измислуваат тркалото.
III. Борбата против епидемијата со дигитална технологија помага за промоција на здрав пат на свилата и за изработка на мапа за изградба на здравствена заедница.
Кинеската вештачка интелигенција придонесува во градењето на здрав пат на свилата. Во 2016, кинескиот претседател Си Џинпинг ја претстави визијата да се работи заедно за да се создаде „Здравиот пат на свилата“. Земјите кои посветено работат заедно за изградбата на „Еден појас, еден пат“ исто така треба да бидат фокусирани на меѓународна соработка во јавното здравје. Сега, земјите работат со здружени сили во борба против епидемијата. Кинески и европски товарни возови забележаа раст на сообраќајот дури и во време на епидемија, остварувајќи непречен транспорт на медицински и основни производи. Кина активно им помага на земјите од иницијативата „Еден појас, еден пат“ за контрола на епидемијата со помош на „Дигиталниот пат на свилата“. Царинската управа на Кина промовираше апликација со изјава за здравствената состојба за влез и излез од земјата на граница. BAIDU Maps заедно со Шенџен, Суџоу, Џенгџоу и други градови промовираа услуга со изјава за влез во градовите. Алгоритамот AI Diagnosis, изработен од Alibaba и BAIDU, значително го намали времето за генетско тестирање и анализа на вирусната структура на сомнителните случаи. Институтот за истражување на BAIDU имаше своја улога во подобрување на глобалната соработка во јавното здравје со тоа што ја отвори и ја направи бесплатна Linearfold и веб-страница за брзо предвидување на структурата на РНА за институциите за генетско тестирање, центрите за контрола на болести и научно-истражувачките центри во светот.
Дигиталните медицински услуги спасија животи и покрај одалеченоста од илјадници километри. Оваа епидемија може да се нарече важна пресвртница за 5Г технологијата за да влезе во индустријата на медицински услуги. Медицинските решенија со 5Г преминаа од „пробна дизајнерска фаза“ во „фаза на клиничка апликација“. За време на епидемијата, промените во медицинската индустрија на Кина, од поддршка за политиките до потрошувачки навики, го забрзаа развојот на дигиталната медицинска индустрија. Компаниите развија софтвер за дијагностицирање од далечина и третман за да ги поврзат докторите кои се на друго место од пациентите и со опремата за мониторирање на животните знаци преку 5Г, со што се овозможува давање дијагнози од далечина, како и услуги. Потпирајќи се на 5Г мрежата, хирурзите може да управуваат со хируршки инструменти со дигитална интелегенција за операции на далечина и од илјадници километри.
Значително е подобрена свесноста при што е признаена медицинската грижа преку интернет. Се заснова на услуги како онлајн медицински третман, дигитален менаџмент на препишување на лекови и онлајн уплата за осигурување. Многу болници и интернет-платформи за медицински услуги низ цела Кина отворија бесплатни онлајн консултации. Сомнителни случаи може да се откријат порано и пред-прегледи може да се извршат. Онлајн медицински консултации и амбулантски услуги се овозможени за многу области, како на пример респираторна медицина, акушерство и гинекологија, педијатрија, итн, со што значително се намалува бројот на пациенти кои одат во болница. Така, се дава предност и ангажман на медицински услуги на далечина за превенција и контрола на епидемија.
IV. Борбата против епидемијата со дигитална технологија е од корист за промоција на мрежата на онлајн услуги и дава нова платформа за изградба на здравствена заедница.
Неодложната потреба за дигитална технологија во борбата против епидемијата поттикна раст на двата краја на дигитализиран пазар, поттикнувајќи дигитализација на услуги и производи. Се појави нова биологија на безброј платформи кои се посветени на онлајн индустрии. Добива форма новиот модел на бесконтактно купување и забава. Се задоволуваат основните потребите на луѓето.
Во оваа борба, 31 провинција и автономен регион во Кина донесоа мерки за итен одговор од прво ниво. Благодарение на високо развиениот систем за испорака, заснован на дигиталната технологија, онлјан купувањето е од голема корист. Луѓето брзо се прилагодија на живот во карантин. Во 2019, електронската малопродажба достигна 10,6 билиони (скоро 1,5 билиони долари), што е зголемување за 16,5 отсто во споредба со 2018. Овој нов модел на потрошувачка, кој вклучува и онлајн купување и услуги, покажа силна виталност за време на епидемијата.
Е-платформите за онлајн купување на свежи производи, храна и за достава успеаја да работат нормално. Дури и за време на карантинот, преку овие е-платформи, доставата на храна и дневни основни продукти се реализираше 30 минути откако ќе беше извршено плаќање преку мобилните телефони, со што се гарантираше постојаноста на доставувањето за медицинскиот персонал и за јавноста. Побарувачката за канцелариско работење на далечина брзо расте. Со онлајн канцеларија, видео конферениција, електронско потпишување, складирање на податоците на „клауд“, управување со онлајн сметка и договори и обуки за вработените се овозможува работата да тече иако работењето кое вклучува физички контакти беше запрено за време на епидемијата.
Дигиталната технологија ја подобрува ефикасноста на борбата против епидемијата. ВИ, големи податоци, 5Г и други технологии се во употреба за да го забрзаат процесот на детекција на вирусот и дијагноза, истражување и развој на вакцини и нови лекови, контрола на болести и превенција, како и клинички третман. Повеќе од 20 ВИ-системи се користат во првите редови на борбата против епидемијата во Вухан, провинцијата Хубеи, и во стотици болници во земјата за сомнителни и потврдени случаи.
За подобрување на ефективноста на скринингот за мерење температура, бесконтактниот ВИ-систем за мерење температура, кој се базира на препознавање на слики и инфрацрвена технологија може да направи брз скрининг на луѓето кои имаат покачена температура. Генерално се употребува на јавни места, како на пример подземни железници, железнички станици, аеродроми. А во врска со системот за рано предупредување и следење на вирусот, UMETRIP за брзо време изработи апликација, која ја лансираше на 30 јануари, која автоматски праќа нотификации на корисниците кога патниците кои летале со ист лет биле потврдени дека се заразени со Ковид-19.
Три големи телекомуникациски компании во Кина, CHINA TELECOM, CHINA MOBILE и CHINA UNICOM, ја промовираа услугата за проверка на претходни патувања, која овозможува луѓето преку мобилните телефони да ги проверат нивните планови на патување во изминатите 14 дена. TENCENT, BAIDU и други интернет платформи изработија модел која ја зголемува свеста за движењето на луѓето. Нуди референци за предвидување на развојот на епидемијата преку следење на патувањето на поголема група луѓе со цел да даде рано предупредување и анализа на ситуацијата.
V. Борба против епидемијата со дигитална технологија помага за подобрување на хармоничен соживот во општеството и дава ново искуство за изградба на здравствена заедница.
За време на оваа борба, владата, општеството, компаниите, но и секој учесник онлајн и офлајн создадоа еден нов тип на хармоничен соживот со што се овозможува нов експеримент за дигитално глобално владеење. Во врска со подигнување на свеста за научен развој и медицински водичи, кинеските компании промовираа неколку бесплатни онлајн платформи за консултаци за борба против епидемијата, меѓу кои General Hospital on Internet на WeDoctor, Online Medical Consultation Platform for Overseas Chinese на Alibaba Health, Free Medical Care Platform на BAIDU.
Технологијата на Alibaba Cloud за ВИ-дијагностика на Ковид-19 стана достапна бесплатно за болниците во целиот свет. Преку 160 болници во Кина имаат пристап до оваа услуга. Достапна е исто така за 63 делови на 21 географски регион, кои опфаќаат повеќе од 200 земји и региони. Многу апликации нудат факти и важни информации за Ковид-19. Alibaba, интернет гигантот со седиште во Хангџоу, изработи програма за мобилни телефони, т.е. Мапа на епидемијата во Јуханг, кој е урбана област во Хангџоу. Мапата ги потсетува луѓето за ризиците во нивното опкружување со тоа што им го покажува бројот на потврдени и сомнителни случаи на еден километар од каде што се наоѓаат во реално време. Исто така, Alibaba го разви првиот здравствен код во Кина, наречен „Зелен код за регионот Јуханг“. Потоа, сите други провинции ги промовираа нивните системи со здравствени кодови за седум дена. До сега, пристап до здравствените кодови беше овозможен во повеќето региони на Кина. Кинезите кои се вратија во Кина од странство за време на епидемијата може да се пријават за здравствени кодови, со кои имаат пристап до комуникациски услуги за време на нивниот престој во Кина.
За поврзување на податочните сервери неопходно е интегрирање на ресурси преку користење големи бази на податоци. Кина постојано се залагала за човечко владеење преку позитивна интеракција помеѓу сите општествени чинители и дигиталната технологија.
Уште на почетокот на епидемијата, Кина ги поврза податочните сервери со помош на податочно рударство за да го олесни донесувањето на одлуки и пристапот до официјални информации и научни студии за справување со епидемијата. Мерки за подобра соработка помеѓу владините агенции и дигиталните платформи и полесна размена на информации преземаа и централната и локалната власт.
Националната платформа за административни услуги објави насоки за превенција и заштита од епидемијата на платформite WeChat, Alipay итн. Апликацијата на Државниот совет на Кина нуди низа на услуги, почнувајќи од собирање на информацци поврзани со епидемијата и листа на соодветни болници, па се до најновите информации во врска со болеста. На овој начин корисните информации стигнуваат до јавноста многу побрзо.
Уште еден важен елемент е визуелното претставување на информации поврзани со епидемијата. Веб-страницата Baidu Maps создаде мапа за распространетоста на Ковид-19, која нуди гласовни известувања и приказ на пунктовите за спречување на ширењето на епидемијата кои се управувани од локалните власти. Овие функции помагаат во заштита на здравјето на сообраќајните полицајци, инспекторите кои работат на спречување на ширење на заразата и возачите.
VI. Справување со епидемијата преку користење на дигиталната технологија ја подобрува комуникацијата при процесот на создавање политики и претставува нов начин за градење на здраво општество.
Користењето на дигиталната технологија го подобрува социјалното владеење преку собирање на информации од владата и други платформи, споделување на податоци, економска соработка и усовршување на услугите. За време на епидемијата, аликацијата COVID-19 Close Contacts Meter создадена од Државниот совет, Националната здравствена комисија и компанијата China Electronics Technology Group Corporation, им нуди на корисниците можност да проверат дали биле во близок контакт со заболено лице. Платформата Internet + Supervision со која управува Државниот совет собира информации и совети од граѓаните за како да се спречи ширењето на епидемијата. Локалните власти користат технологија и дигитални платформи како Alibaba за да и се спротивстават на епидемијата и да овозможат продолжување на бизнис активностите. Роботите за административни услуги и системите за контрола на пристап кои користат вештачка интелигенција, развиени од компаниите JD.com и Tencent, имаа голема улога во подобрувањето на ефикасноста и веродостојноста на системот за справување со епидемијата. Платформи развиени од владата и компании како Tencent, Alibaba и JD.com нудат информации во врска со епидемијата од повеќе извори. Владината платформа Zhejiang Online, која е верзија на апликацијата DingTalk во провинцијата Жејианг, се покажа како одлична алатка за справување со епидемијата на локално ниво. Првата мини програма за справување со епидемијата во Кина, развиена од Alipay и DingTalk, помага во создавањето на безконтактно општество.
Справување со епидемијата со помош на дигитални технологија им помага на институциите да ја зајакнат дигиталната безбедност. Приватноста и безбедност на информациите е клучниот елемент за здрав и одржлив развој на дигиталната економија. Кина става голема важност на подигнување на свеста за безбеднста на податоците и активно работи на ова поле. Активностите се главно сконцентрирани на зајакнување на заштитата на личните податоци при анализа и користење на голем број податоци, како и маскирање на податоците при различни процеси, вклучувајќи го процесот на размена на информации.
Кинеското собрание одобри предлог-мерки за правото на користење на личните податоци. Овие предлог-мерки јасно го регулираат собирањето и процесирањето на лични податоци со претходна дозвола од лицето или неговиот старател. Предлог-мерките исто така вклучуваат заштита на биометриските податоци. Компаниите мораа да ја подобрат заштитата на податоците затоа што кинеската агенција за информациски технологии усвои регулатива за заштита на личните податоци на децата онлајн. На пример, покрај тоа што ги заштити своите информации, апликацијата DingTalk исто така ги енкриптира податоците на корисниците. Двојната енкрипција ги заштитува податоците и на компаниите и на клиентите. Победата над епидемијата во Кина ќе го загарантира развојот на дигиталната технологија преку подобрување на релевантните закон и регулативи, зајакнување на технолошките граници, подобрување на зашититата на личните податоци, итн.
Науката и технлогијата не познаваат граници. Технологијата не е политички определена. Не само Кина, туку и целиот свет имаат корист од употребата на дигиталната технологија во спречување и справување со епидемијата и градење на здраво човештво.
Џанг Ѕуо, амбасадор на Кина во Македонија