Росоманец на возраст од 26 години бил тешко повреден во сообраќајна незгода која синоќа петнаесет минути пред полноќ се случила на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај бензинската пумпа во Росоман, потврди за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Управувајќи возило со кавадаречки регистарски ознаки, тој изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Бил префрлен во комплексот клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Кавадарци.