Русија не треба да ја затвори американската амбасада, без оглед на кризата предизвикана од војната во Украина, затоа што двете најголеми нуклеарни сили во светот, мора да продолжат со разговор, изјави денеска американскиот амбасадор Џон Саливан.

Рускиот претседател, Владимир Путин ја оцени инвазијата на Украина како пресвртница во руската историја: бунт против хегемонијата на САД, што шефот на Кремљ ја обвинува за понижување на Русија од падот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Украина тврди дека се бори за својот опстанок против грабање земјиште во империјален стил, што уби илјадници луѓе, расели над 10 милиони лица и опустоши делови од земјата.

Во очигледен обид да испрати порака до Кремљ, Саливан, именуван од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, за Тасс појасни оти Вашингтон и Москва не треба да ги прекинат дипломатските односи.

– Мораме да ја зачуваме способноста да разговараме едни со други, нагласи Саливан.

Тој предупреди против отстранување на делата на Лав Толстој од западните полици за книги, или бојкотирање на музиката на Петар Чајковски.