Спортистите на САД обезбедија победа во пласманот на медалисти на Олимпијадата во Токио.

На последниот ден од Игрите, 39-от златен медал на САД му го донесоа американските одбојкарки, кои во финалето ги совладаа Бразилките со резултат 3:0.

Претходно, женската кошаркарска репрезентација на САД ја победи Јапонија и освои злато.

Уште едно злато донесе велосипедистката Џенифер Валент.

Така, на последниот ден од Олимпијадата во Токио, американскиот тим го надмина кинескиот тим по бројот на златни медали и ќе остане до крајот на лидерското место.

САД имаат 39 златни, 40 сребрени и 33 бронзени медали, додека Кина има 38 златни, 32 сребрени и 18 бронзени медали. На третото место е Јапонија (27-14-17).