Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по поразот (0:1) од Лестер синоќа во ФА Суперкупот, зборуваше за тешкиот распоред на играчите.

– Отидовме на овој натпревар без доволно подготовки и некомплетни. Задоцнивме затоа што УЕФА и ФИФА не ги оставаат играчите да се одморат. Во наредните денови, ќе бидеме покомплетни. Навистина сакав да победиме на овој натпревар. Играта беше навистина добра, особено за овој дел од сезоната. Ќе се потрудиме максимално, знаејќи дека не бевме на ниво. Грилиш беше добар, навистина добар. Ги запознава своите нови клупски колеги. Честитки до Лестер за победата, изјави Гвардиола.

Минатата сезона, Манчестер сити стана шампион на Англија, а Лестер го освои националниот куп. „Лисиците“ го освоија Суперкупот по втор пат во својата историја. За прв пат тоа се случи во 1971 година.