Американската авиокомпанија „Јунајтед Ерлајнс“ вчера соопшти дека ги откажува договорите со 232 вработени, кои одлучиле да не се вакцинираат против Ковид-19.

„Јунајтед Ерлајнс“ е првата авиокомпанија што воведе обврска за вакцинација за вработените.

Првиот човек на компанијата, Стив Кирби, јави дека 232 од 67.000 вработени одбиле да се вакцинираат.

„Јунајтед Ерлајнс“ во моментов е единствениот голем американски авиопревозник што прибегна кон процесот на отпуштање на вработените кои одбиле да ја примат вакцината против Ковид-19.

„Делта Ерлајнс“ воведе месечна обврска од 200 американски долари за невакцинираните вработени, додека „Американ Ерлајнс“ и „Саутвест Ерлајнс“ преземаат различни мерки за  мотивирање на вработените да се вакцинираат. До вчера во „Делта Ерлајнс“ беа вакцинирани 90 проценти од вработените.