Американската армија официјално ја укина блокадата за пловните објекти што влегуваат и излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежни зони, соопшти денеска Централната команда на Вооружените сили на САД (СЕНТКОМ).

Во објавата на СЕНТКОМ на платформата Икс се наведува дека американските воени бродови кои се наоѓаат во соседните води засега ќе останат на своите позиции.

Претходно денеска американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека 12,5 милиони барели нафта поминале низ Ормуската Теснина по потпишувањето на меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран за ставање крај на речиси четиримесечната војна.

Венс додаде дека Иран во текот на изминатата ноќ не нападнал ниту еден брод и оцени дека на Исламската Република ќе ѝ бидат потребни значителни финансиски средства за обнова на нејзината програма за нуклеарно оружје.

Претседателите на САД и Иран, Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан, одделно го потпишаа договорот за прекин на војната на Блискиот Исток.

Соред најавите, утре во Швајцарија би требало да се одржи официјална церемонија по повод потпишувањето на меморандумот, а ќе започнат и техничките разговори за неговата имплементација.