Целосно вакцинираните Американци можат да се вратат во нормален живот и тие повеќе не мора да носат маски на отворен простор, соопшти денеска Американскиот центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ).

Но, маските ќе мора да се носат во случаи кога не може да се избегне гужва, според новите препораки.

– Целосно вакцинираните луѓе наскоро може да се вратат во нормала, рече Ксавиер Бекера, секретар на Одделот за здравство и социјална помош.

– Вие сте вакцинирани. И, погодете што? Можете да се вратите во нормален живот. Вие не сте вакцинирани, сè уште сте во опасност. Значи, вакцинирајте се”, изјави Бекера денеска за Си-Би-Ес.