Агенцијата за млади и спорт (АМС) спроти утрешното Изборно собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), го повтори попладнево ставот дека истото е незаконско и нема да ги признание одлуките што ќе бидат донесени.

Најавувајќи дека нема да има свој претставник на Изборното собрание закажано за в недела, АМС нагласи дека ФФМ подолг период ги игнорира одлуките на надлежните институции и продолжува со непочитувањето на Законот за спорт и покрај инистирањето на АМС, како единствено владино тело надлежно за работите од областа на спортот и вршење надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за спорт.

-Имајќи предвид дека мандатите на делегатите, комисијата за избори, претседателот и членовите на УО на ФФМ, истекуваат на 17 февруари 2021 година, АМС известува дека нема да биде признаен незаконски избор на делегати од Општинските фудбалски сојузи (ОФС), како и избор на тела во ФФМ. соопшти АМС.

Во соопштението се додава дека АМС „има поддршка од поголемиот број на клубовите од прва и втора лига“, за усогласување на Статутот на ФФМ согласно Законот за спорт.