Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по претежно влажни коловози. Ситен снег врне на Попова Шапка.

Од 12:00 до 15:00 часот, сообраќајот на патниот правец Пресека-село Врбајни ќе биде привремено затворен во времетрање од 30 минути, поради минирање, соопшти АМСМ.

Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.