Загубите на вооружените сили на Украина и проблемите со испораката на западното вооружување, ќе доведат до тоа територијата на Украина по крајот на војната да биде значително намалена, тврди поранешниот советник на ЦИА, Џејмс Рикардс во својата анализа објавена во Дејли реконинг.

– Украина ќе се претвори во расцепкана држава, зафакајќи ја територијата меѓу Киев и Лавов, се вели во анализата, со наслов „Жал ми е, но Русија победува во Украина“.

Рикардс смета дека украинската војска претрпела огромни загуби, а додека воената помош од Запад доцни, на фронтот се испраќаат недоволно обучени војници.