Олгица Никола Трајковска

Меѓу последните организирани егзекуции на македонството, штотуку изгласана од неговите претставници, е наводно, статистичка: Со Законот за попис 2021.!

Уште непотпишан и необјавен, беше поздравен од стратешкиот партнер! Не поради незнаење, туку заради континуирана подлост и зла цел-поставеност во Проектот за уништување на МК држава и народ! Формално и фактички, и овој пат, на власта, примарна задача и`е остварување на Проектот, под лажен превез дека е за наше добро и приближување кон ЕУ, а всушност е перманентно оддалечување, до непостоење! Како и сите претходни, и ова злодело, се случува со безобзирно кршење на востановените демократски процедури, со злоупотреба на „европско знаменце“, која е​​ со политичка, наместо со статистичка цел и со однапред проектирани последици, најмалку европски… попатно, и со веројатни злоупотреби на лица и податоци, веројатни манипулации и основа за пресметка со непослушните (опонентите/критичарите на власта)…

Накусо, ќе се обидам да појаснам зошто: Во процедурата за донесување, заради прескокнување на пропишаните процедури, на предлог-законот неосновано му закачија „европско знаменце“, што значеше дека неговото донесување е ИТНО заради усогласување со европското законодавство(?!).

Внимателното проучување на директивите на кои се повикува Законот, како и искуства/закони на држави-членки на ЕУ, како и други, упатува на сосема други решенија од оние што се предмет на регулирање на „нашиов“ Закон.

1.ЗА НАЦИОНАЛНОСТА (етничката припадност)

Покрај облигаторните податоци кои треба да бидат попишани, е наведено дека националната припадност, јазикот и верската припадност се прашања за кои попишаното лице НЕ Е ДОЛЖНО да се изјаснува (факултативни податоци). Сосема во соглсност со правото на секој човек/граѓанин да не/се декларира за своето интимно чувство на припадност. Ова европско решение е во согласност со априори, неспорниот статус/припадност на граѓаните (во унитарни држави)-како припадници на истата нација и говорат еден службен јазик-на државата чии се граѓани.

Но! На МК државата, спротивно на било кое меѓународно право и искуство, иако уставно декларирана како унитарна, на државно ниво, насилно и`се наметнаа уставни и законски решенија врзани со права на граѓани, по основа на нивна национална (етничка) припадноста (малцинства/„делови од народи“) кои права и функционирањето на државата се условени од нивната бројност (20%).

Притоа едно од овие малцинства (албанското), дури и независно од неговата бројност, уставно е надредено над другите (на пр. состав на Комитетот за односи меѓу заедници). По основа на бројноста на овие малцинства, се пропишани и посебни апсурдни исклучоци, спротивни на унитарноста, на дискиминаторна основа (тнр „позитивна“) во сферата на употреба на нивни јазици како службени на ниво на државата (?!), во образованието, вработувањето и др.

Оттука, во голем дел, функционирањето на државата е непосредно врзана и УСЛОВЕНА од бројноста на некое малцинство, дури и независно од неговата бројност!1

Затоа, начелото на европските стандарди за факултативност на податокот за национална/етничка припадност на попишаните лица е во спротивност со уставните и законските решенија на македонската држава! Практично, и преку пописнава ЕУ регулатива и искустава, се констатира дека-македонскиот уставен систем, насилно наметнат и од страна на меѓународниот фактор (2001. со Рамковниот) е НЕОДРЖЛИВ и НЕОСНОВАН, а е насочен исклучиво кон само-деструкција на државата од внатре, како нефункционална!

Па затоа: Ако власта навистина сака приближување кон ЕУ преку вградување на нејзините стандарди и добри практики во националното МК законодавство, ќе мора-или да изврши РЕВИЗИЈА на Уставот и да ги отстрани одредбите кои налагаат решенија врзани со националната/етничка припадност на нејзини малцинства на ниво на државата како унитарна, и во пописниот Закон да ги вгради и оствари, со што формално и фактички ќе се доближи до ЕУ…

Или, отворено да ПРИЗНАЕ дека во интерес на меѓународната заедница, и преку своето КРИМИНАЛНО и СВЕСНО кршење на овие стандарди, го остварува Проектот за уништувањето на МК државата и народ, и дека, и со ПОПИСОВ, фактички и формално, се`посигурно се ОДДАЛЕЧУВА од својата прокламирана цел – ЕУ, во која толку, божем се колне, и во чие име, како мамка, КОНТИНУИРАНО го спроведува Проектот за уништувањето, преку сите други егзекутивни акти: Рамковниот, Пржинските, Територијалната, Преспанскиот, Бугарскиот, Двојазичниот, Амандманите… а сега и со ПОПИСОВ!

2.ЗА ВЕРОДОСТОЈНОСТ на пописните податоци

За кредибилност на пописот, главен услов на државите е обезбедување на веродостојноста на собраните податоци. ЕУ регулативата упатува на можност, тие да се собираат од надлежни институции кои ги водат по службена должност (со кои МК изобилно располага!) или од терен, непосредно, или комбинирано на двата и/или други начини. Вкрсувањето на податоците од институциите и од теренските се основа за констатирање дали некој дал лажни податоци, што е основа за негово санкционирање!

Но! Имајќи предвид дека:

2.1. Институциите со години ги немаат АЖУРИРАНО своите податоци (изјава од експерт за статистика)

2.2. Попишувач ќе биде ЕДНО лице;

2.3. Пописот ќе се врши ЕЛЕКТРОНСКИ, а недовербата кон изборот на попишувачите и нивната кредибилност е поткрепена со низа кадровски решенија на власта, засновани исклучиво на партиска основа…итн…

2.4. Недефинираност во Законот-КОЈ и како дава податоци за отсутни лица (што е само по себе погрешно/спорно!)

2.5. Попишаното лице НЕМА никаков ДОКАЗ/процедура за проверка и верификација на подаоците што ги дал или не ги дал, па бланко, е во рацете на попишувачот (а со тоа и на власта)…

2.6. Противзаконската јавна ЗАКАНА кон граѓаните од овластени службени лица со непостоечки драконски затворски казни (од директорот на органот за статистика и претседателот на Владата) за одбивање попишување/давање погрешни податоци…итн. Оттука, овие и сл. факти, основано го наметнуваат сомнението дека може, секој човек/граѓанин, неосновано да биде казнет, односно, лажно/погрешно да биде пријавен дека дал погрешни податоци или ОДБИЛ да учествува во попишувањето, дури и при ненамерна грешка од самиот попишувач!

3.ЗА ПОЛИТИЧКА, а не статистичка операција

Имајќи го предвид напред изнесеното за националноста и веродостојноста на Пописот, како и:

3.1. Попишување на лица кои се надвор од државава ПОДОЛГО ОД 12 МЕСЕЦИ (спротивно на ЕУ регулатива и стандарди); 3.2.Правната можност едно лице да има 2 и 3 ДРЖАВЈАНСТВА, особено од соседството, со јавно декларирани претензии кон МК;

3.3.ДВОЈНИОТ ПОТПИС на резултатите, кој, наводно, произлегува од Пржинските договори (што се однесува ИСКЛУЧИВО на политички прашања во домен само на четири политички партии, а не на административни/статистички активности!)

3.4. ЛИЦИТИРАЊЕ од високи државни функционери на процентот Албанци

3.5.ЕКСПРЕСНА ПОДДРШКА на Законот од меѓународните кои се заинтересирани исклучиво за Проектот против МК држава и народ

3.6.Инсистирањето Пописот по секоја цена да се спроведе ПРОЛЕТВА, што е во соспроведување на бугарскиот договор и Косовското прашање

3.7.Занемарување на мерките за ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА од Ковид 19, што е политика на светско ниво

3.8.ИГНОРИРАЊЕ на препораките на светските организации за одложување на Пописот, а кои десетина други држави во Европа ги уважија…итн…

Сите овие и други факти, докажуваат дека и Пописот, е всушност уште еден од недоизведените, насилно наметнати, неевропски, нестручни, подмолни… ПОЛИТИЧКИ „балкански“ методи за докрајчување на МК државата и народ!

4.ЧАРЕ? Како ретко кога, Македонците се во небрано: Што е најумно/најмалку штетно да сторат во овие услови, при ваква регулатива и со вакви намери на власта и меѓународната? Сите, досега јавно изнесени идеи, имаат своја слабост, тешка спроведливост и неизвеснот:

4.1.Едни, повикуваат на БОЈКОТ. Но, со бојкот-директно се придонесува кон нереален сооднос на Македонците и другите, особено на граѓаните од албанска националност (етничност), што би било на штета на МК држава и народ! Бојкотот би имал сила, доколку огромен број од населението одбие попишување.

4.2.Други, сметаат дека треба да се спротивставиме со „НИВНИ КАМЕЊА“, а имено – да обезбедиме документација од МК дијаспора, па со тоа да спротивставиме. Но, за реализација на оваа мерка треба големо ангажирање, пропаганда и активности за нивно обезбедување пред се`на СМК, ОМД и други…

4.3.Трети, (собраниската опозиција) сметаат дека со собирање 10 000 ПОТПИСИ во име на поддршка за поништување на Законот, тој ќе биде поништен. Но, во услови на нефункционирање на парламентарната демократија, кога ниту двет третини од граѓаните не дадоа поддршка на Преспанскиот, а тој се спроведе, кога формално нема таков предложен закон за поништување закон и кога 10 000 потписи немаат поголемо дејство за претседателот на Собранието, отколку над 300 000 кои стојат зад опозицијата (вклучително и повеќе стотици илјади кои не учествуваа на изборите)… наивно е да се очекува дека овој начин би успеал!

4.4.Четврти, сметаат дека треба организирање РЕФЕРЕНДУМ со прашање како она од 2018., со што власта, со бојкот на референдумот нема да добие легитимитет и легалитет на законското решение, па ќе мора, согласно Уставот да го повлече. Резултатот од ваков референдум, независно каков резултат ќе покаже, извесно е дека власта, по ни една цена нема да го испочитува, а се`ќе стори-тој и да не се одржи!

4.5. Петти, сметаат дека имаат уставно право, да одбијат попишување заради ЗАШТИТА ОД ЗАРАЗА, согласно мерките на власта… итн…

Оваа можност има најсилна правна основа, но не наложува менување на Законот, туку предизвикува само негово одложување… а резултатите ќе бидат исти и на штета наМК!

За жал, во отсуство на национална сплотеност и изграден ЕДИНСТВЕН СТАВ/СТРАТЕГИЈА на македонските интелектуални и патриотски потенцијали, пак остануваме-секој сам да ја води борбата за Македонија!

Јануари, 2021.