НАСИЛЕН ПРОТЕСТ ЗА МОНСТРУМ: Со камења врз полицијата во одбрана на убијците од Смиљковско

/ 29.01.2021

Димни бомби, петарди и камења врз зградата на Министерството за надворешни работи.

Протестите организирани од страна на семејствата и родинините на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро завршија со инциденти и неред кој го предизвикаа демонстрантите.

-Претходно најавениот протест започна од Чаир. Со извикувања “УЧК“, но и погрдни зборови упатени на обвинителката Фатиме Фетаи која случајот Монструм го застапува пред Скопскиот Кривичен суд..Демонстрантите се упатија кон зградата на Скопското обвинителство. Поголема група им се приклучи од делот кај Бит Пазар, по што пристигнаа пред зградата на МНР, која се наоѓа пред Обвинителството. Пристапот до зградата на обвинителството беше блокиран од силното полициско присуство, па крајната дестинација на демонстрантите беше соседната зграда на Министерството за надворешни работи пред мостот на реката Вардар во центарот на Скопје, објави Канал 5.

Бедри Ајдари, роднина на еден од обвинетите во случајот Монструм одржа говор. Побара ослободување на обвинетите за убиството тврдејќи дека не се вистинските сторители.

Но веднаш по неговото обраќање дел од демонстрантите почнаа со фрлање на камења кон МНР, некои од нив завршија и кај полициското обезбедување.

Потоа почнаа да се повлекуваат. Оштетени се четири полициски возила, потврдија од МВР од каде велат и дека се работи на идентификување на насилниците против кои ќе се води постапка. Искршени се и стакла од новото Министерство за политички систем, а од видеа на социјалните мрежи се гледа дивеењето на демонстрантите кои превртуваат контејнери.

Протестот доаѓа откако во завршните зборови на последното судско рочиште за случајот во повторена постапка, обвинителката Фетаи побара највисоки казни за обвинетите во случајот Монструм. Вчера државниот обвинител Љубомир Јовески одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието рече дека не наоѓа одговорност во обвинителството.

Насилни протести кои завршија со судири со полицијата случајот го следеа и по изрекувањето на пресудата во првичната постапка во 2014-та, пренесе Канал 5.


Од истата категорија