Тренер на Наполи, Карло Анчелоти искажа пофални зборови за напаѓачот на ПСЖ и француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе.

Наполи и ПСЖ во вторник ќе се состанат во 4. рунда од групната фаза на Лигата на шампионите.

– Мбапе претендира да го заземе местото на Меси и Роналдо кои изминатата деценија освоија сè. Тој и Нејмар. Ако Мбапе не ја освои Златната топка оваа година, тој ќе го направи тоа некој следен пат. Сите тимови би сакале во својот тим да имаат играч како Килијан, изјави Анчелоти.

Добитникот на Златната топка за 208 година ќе биде познат на 3 декември во Париз.