Реал Мадрид e новиот крал на Европа. Вкупно 14 трофеј во Лигата на шампионите и во некогашниот Куп на шампиони. Вечерва со мининални 1-0 беше подобри од Ливерпул на Сент Дени во Париз.

Решавачкиот гол на мечот го постигна Бразилецот Винисиус во 59. минута.

Тимот предводен од трофејниот тренер Карло Анчелоти имаше само четири удари кон голот на Алисон од кои само еден во рамки на голот и стигна до триумфот.

Ливерпул имаше дури 23 обиди кон противничкиот гол но несовладлив вечерва беше белгискиот голман Тибо Куртоа кој бранеше фантастично и е најзаслужен што Реал ја освои 14. титула!

Куртоа беше и јунак на претходните подвизи на Реал против Челси, ПСЖ и Манчестер Сити.

Ливерпул на крајот нападна со сите сили но Ван Дајк и Салах не успеаа да погодат. И секако за победата најзалужен е дон Карло Анчелоти кој повторно создаде моќни „Кралеви“ да ја освојуваат Европа.