Победата со 2:0 извојувана вчеравечер над градскиот ривал Ливерпул, тренерот Карло Анчелоти ја посвети на навивачите на „карамелите“.

Ова е прва победа за Евертон на „Енфилд“ во 21 век, последен пат тоа го сторија во 1999 година.

– Ние сме многу, многу среќни. По долго време, можевме да победиме на „Енфилд“. Ова е одличен подарок за нашите фанови. Настапот беше одличен, бевме фокусирани, работевме напорно и ги искористивме нашите шанси. Освоивме три бода. Дербито е нешто посебно, но треба да продолжиме така и на домашен терен каде често имаме проблеми, изјави Анчелоти.

Евертон по 24 натпревари има 40 бода и во моментов е на седмата позиција на табелата во Премиер лигата.