Во обид да го прикаже својот шеф Заев како борец против криминалот, Бојан Маричиќ, вечерва на Ал Сат во дуел со Стефан Андоновски, а во врска со случајот рекет, истакна:

– Во однос на улогата на Зоран Заев, јасно излегоа две пораки каде што и на Орце Камчев и на Боки 13 јасно им кажува дека ќе одговараат и дека нема намера ништо да оправдува, ниту да учествува во тоа и да си ја докажат својата невиност пред суд, изјави Маричиќ.

Ова како да дојде порачано за Андоновски, па тој лесно поентираше:

– Супер е сето тоа што го кажавте прво разговара со нив, после и се јавува на „Русковска“ да го пријави случајот, запраша Андоновски.

– Точно така, вели Маричиќ.

Што се однеусва до Законот за ЈО, Андоновски истакна:

Нагласи дека Законот за јавно обвинителство од страна на парламентарното мнозинство на СДСМ е донесен на шверцерски, непринципиелен и незаконски начин.

Според него, спорен е член 110 од законот каде што СДСМ предлага бомбите повеќе да не се докази во случаите туку само индиции посочувајќи дека тоа е само за да се задоволат интереси на одредени луѓе блиски до СДСМ.

Има три главни поенти. Првата е членот 110 каде што СДСМ се повлекува од предлогот дека бомбите повеќе нема да бидат докази и сега стануваат индиции. Зошто? За сега да задоволат одредени луѓе кои што се блиски до нив а кои што имаа случаи пред судските органи, нагласи Андоновски.
Андоновски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ дала бланко поддршка само доколку законот за јавно обвинителство ќе биде напишан од експерти и професори во таа област.

Ние имавме принципиелни ставови во смисла на хиерархиска поставеност на обвинителството на нарушување на принципот на хиерархија и субординација, кој што ни се случува со овој закон и ние инсистиравме законот да го пишуваат професионалци, експерти од областа, професори и имавме доволно време затоа што рокот е 30 јуни во законот од денот кога ќе почне да важи. Немаше потреба да се брза сега да се донесе законот на ваков шверцерски начин. Ќе ве потсетам дека имаше измени на законот вечерта во 22 часот без одлука на влада, затоа што тие ги нарекоа технички а се менуваат цели членови. Очигледно е дека СДСМ со овој закон сака да го брани криминалот, ние тоа не можеме да го оправдуваме, рече Андоновски.
Во однос на маршот Чекориме за правда во организација на СДСМ, Андоновски рече дека маршот наликува на патетичен обид да се прикаже дека СДСМ е за правна држава, укажувајќи дека токму во овие 3 години високи функционери од СДСМ добиле само судска одлука и условна пресуда за тепање на луѓе како и за шверц на цигари.

Малку е патетично партија која што е три години на власт да ги има полуги на власта да маршира за правда сега и да плати над 100.000 евра на бина која што била наместена за тоа. Тие се научени така да празнуваат, на пример за датум кој што не го добиле, но ова сега беше врвот на патетичноста. Прво Заев се постави на чело на судските реформи и ги водеше судските реформи додека не сфати дека не може предводникот на извршна власт да биде член на судски реформи. Потоа ни се случи ситуација да имаме спрега помеѓу адвокати на Заев, државното обвинителство и правда според мене би било да одговара Заев и високите функционери на СДСМ за она што го направиле а не да ни се случува да имаме условна пресуда за градоначалникот во Ново Село, и да имаме судска опомена за еден друг градоначалник во една скопска општина кој што беше фатен на снимка како навредува тепа и омаловажува луѓе, објасни Андоновски.