АНДОНОВСКИ: Како ќе ги задржиме младите ако обвинители земаат по 4 000 евра, а тие по 15 000 денари?

/ 24.11.2019

Прашањето на иселувањето е прашање на достоинство или немање на достоинство. Ако порано зборувавме за висока стапка на невработеност, сега има повеќе проблеми, рече Стефан Андоновски, советник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на дебатата на телевизија Сител. Тој додадава дека сега младите се демотивирани.

-Слушаме дека обвинители земаат плати околу 4.000 евра и дека добиваат бонуси од над 175 илјади евра, а има млади кои се мачат за за 15 -16 илјади на влезни позиции во јавната администрација како млади дипломати или во јавното обвинителство, посочи Андоновски.

Деновиве прочитав еден фејсбук статус кој вели: Како ќе го опишете крајот на 2019 година во 5 збора? Еден од коментарите беше: „Пет месеци плата немам земено“. Ова се младите специјализанти на кои им беше ветено решавање на нивниот статус и поволности.

Што се однесува до проблемот со иселувањето, тој е комплексен и не се решава со брзи мерки, а не се согласувам со ставот на СДСМ кога велеа да падне само режимот и младите ќе се вратат. Гледаме што се случува сега, иселувањето го достигнува својот врв.

-Се покажа дека СДСМ е полн со ветувања, а реализација на мерки нема. Нема научно – истражувачки центри кои ги ветуваа, кариерни центри, нема студентски град, дигитализација на литература, центар за талентирани ученици и уште многу други мерки. Или од својата програма во делот за млади се реализирани само 10 проценти, посочи Андоновски.

Според него клучот за задржување на младите е во тоа да се обезбеди владеење на правото.

– Или кога би инвестирале младите да бидат сигурни дека никој нема да им бара рекет. Исто така се што им е ветено да се реализиара. Ако сме ветиле студенстки град на пример треба да се исполни. На младите им е доста од дебати, тие очекуваат политичарите да реализираат, а не само да зборуваат, рече Андоновски.


Од истата категорија