ИК на партијата ја потврди одлуката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во однос на ставот дека нема да се поддржат одлуките на Стево Пендаровски за вонредната состојба, затоа што таа беше злоупотребена за работи кои не се поврзани со потребите за борбата против Ковид 19. Во ек на најголема пандемија, кога Владата требаше да ја користи вонредната состојба на помош на граѓаните, Заев и СДСМ штанцаа лиценци за марихуана на ним блиски фирми – изјави денеска Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека додека народот немаше маски, дезинфициенси и ковид тестови, СДСМ распишуваше тендери за набавка на шкампи и школки.

-И на крај ја продолжија уште еднаш вонредната состојба за во тој период да дадат половина милион евра на невладини организации, притоа кршејќи го и Изборниот законик. Додека народот немаше за леб, тие трпаа во џеб. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржат одлуките на Стево Пендаровски за вонредната состојба во Собранието. ИК на ВМРО-ДПМНЕ заклучи и дека СДСМ од ден во ден се повеќе ја тоне државата, а од тоа страдаат граѓаните. Мафијата, криминалот и владата во Македонија се едно исто и тие мора да паднат – потенцира Андоновски.