Полскиот претседател Анджеј Дуда повика на „процес на деколонизација“ на Русија. Тој изјави дека етничките малцинства треба да се отцепат од власта на Москва и да формираат свои држави.
Говорејќи на конференцијата „Мир за Украина“ во Швајцарија вчера, Дуда ја опиша Русија како „затвор на нациите“.
– Речиси 200 етнички групи живеат во таа земја, кои станаа жители на Русија како резултат на методите што денес се користат во Украина, тврди полскиот лидер.
-Русија останува најголемата колонијална империја во светот, која, за разлика од европските сили, никогаш не помина низ процес на деколонизација и никогаш не беше во можност да се справи со демоните од своето минато. Како член на меѓународната заедница, конечно мораме да кажеме – во современиот свет нема простор за колонијализам, рече Дуда, пренесоа руските медиуми.