Анџелина Џоли посети камп за сириски бегалци во северен Ирак како специјален претставник на ОН.

Холивудската актерка го разгледа кампот Домиз каде живеат 33.000 бегалци од Сирија. Таа се запозна и разговараше со семејствата.

Вчера Џоли го посети Мосул, кој ирачките сили минатата година го освоија назад од Исламска држава, откако градот беше бастион на џихадистите.

Актерката се сретна со семејствата и се прошета по улиците.

– Луѓето тука изгубиле сe. Тие се очајни. Немаат доволно лекови за децата, многумина немаат вода за пиење и основни услуги. Ја повикувам меѓународната заедница да не го заборава Мосул, вели актерката.

Анџелина Џоли работи за Високиот комесаријат за бегалци на ОН од 2001 година. Ова е петтата нејзината посета на Ирак.