Сакате фотографија со Чак Норис? Тоа ќе ве чини многу скапо

/ 16.06.2018

Меѓу големите имиња, кои присуствуваа на отворањето на тој настан беа Чак Норис, Кејтлин Тарнер, Ричард Драјфус.Фестивалот „Супернова Кими кон“ овој викенд донесе бројни холивудски ѕвезди во Сиднеј, а секој кој ќе сака да се фотографира со нив, ќе мора дебело да плати.

Од нив тројца, за фотографија со Чак Норис (78) посетителите на фестивалот требало да издвојат најмногу пари, дури 150 долари.

Доколку со фотографијата со познатиот актер од осумдесеттите години сакале и автограм, морале да платат дополнителни 120 долари. Тоа сумата ја подигнува на неверојатни 270 долари само за фотографија и автограф.

Норис, кој се прослави со улогата на тексашкиот ренџер Вокер, имаше неколку “оживувања“ преку познатите “мемиња“, пренесува „Дејли Меил“.

Фотографија со Драјфус чинела 80, а со Кејтлин Тарнер 60 долари. Фестивалот „Супернова Коми кон“ се одржува денеска и утре во Сиднеј.


Од истата категорија