Шокантно видео се појави на социјалните мрежи. На него се прикажува како една Индонезијка се вади од утробата на голем питон, која рептилот ја проголтал додека таа работела во градината.

Жртвата била 54-годишната Ва Тиба мајка на две деца која од стомакот на питонот била извадена мртва.

Алармот бил активиран откако нејзините деца ги пронашле нејзините сандали, мачетата и факел крај едно патче кое води до грмушка, каде децата го откриле огромниот питон кој едвај да можел да се движи откако цела ја проглтал жената.

Шокатнатата сцена како питонот го распоруваат и ја вадат жената е снимена од локалните жители речиси на самото место на несреќата.

Жителите велат дека се преплашени од случката.

Индонезиските питони можат да нараснат и до девет метри во должина и без проблем да совладааат и изедат и човек.