Никогаш не реков дека ќе запре да кршам ќерамиди со глава туку дека ќе прекине тоа да го правам тоа безгрижно, вели Стојанче Ангелов шефот на владиното тело за справување со кризи.
Ангелов во интервју за ТВ 24 говори за битката против Ковид-19, а објаснувањето за кршењето ќерамиди предизвика внимание кај јавноста, па видеото се споделува на социјалните мрежи.
Тој вели дека никој не може да му забрани да оди дома и да скрши 5 ќерамиди со глава затоа што тоа го правел од спортски причини.