Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој пред десетина дена беше избран на оваа функција, преку Фејсбук порача дека добродојдени се сите конструктивни идеи за подобро справување со корона кризата.

– Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава. Од синоќа раководам со Главниот штаб за управување со кризната состојба предизвикана од Ковид 19. Заради поуспешна работа на Главниот штаб, покрај учеството на многуте стручни лица од различни институции, добредојдени се и сите ваши конструктивни идеи, забелешки, совети и критики кои може да ги напишете на Фејсбук страницата на Центарот за управување со кризи, побара Ангелов.