Англиските фудбалски репрезентативци покрај другото, акцент во подготовките пред стартот на Светското првенство ставаат и на ударите од 11 метри со цел да го избегнат традиционалното испаѓање на пенали на големи првенства.

Англија беше елиминирана по ударите од белата точка шест од седумте пати на светски и европски првенства. Единствениот успех го имаат против Шпанија во четвртфиналето на ЕП  1996 година.

– По основните вежби, дополнително шутираме пенали. Во тимот имаме доста добри изведувачи на пенали и последните денови работиме напорно на овој елемент од играта, информира голманот Џордан Пикфорд од Евертон.

Тој заедно со Џек Бутланд од Стоук Ник Поуп од Барнли ќе конкурираат за голманската позиција во отсуство на искусниот Џо Харт, кој е надвор од составот поради слаба форма.