Рома е подготвена да го продаде својот голман Алисон доколку се најде заинтересиран клуб кој би платил оштета во висина од 90 милиони евра.

Ова е реакција на калчолигашот по големиот интерес пројавен од страна на Ливерпул и шпекулациите дека бразилскиот голман ќе го засили премиерлигашот.

Пред неколку дена во англиските медиуми беше објавено дека Јирген Клоп сака да го ангажира еден од најдобрите голмани во сезоната што заврши.

Останува да се види одговорот на Ливерпул кој е подготвени да потрошат рекорден износ за купување на голманот, но официјален предлог се уште не е даден.

Голманското место на Ливерпул се актуелизира по финалето во Лигата на шампионите минатиот викенд кога чуварот на мрежата на „црвените“ Лорис Кариус направи два големи кикса што неговата екипа ја чинеа пораз од Реал.