Вид кучиња кои во Македонија секојдневно се користат во борби до смрт, за чиј одгој во ЕУ или постои трајна забрана, или (поради физичките предизпозиции и силата на животните, како и нивните злоупотреби и страдање на кое се изложени) строго дефинирани правила (возраст на сопственик, неосудуваност; помината наменска обука за чување; строго дефинирани безбедносни предслови за чување и шетање; задолжителна стерилизација) се лоцирани чувани на диво, на јавен простор кај Музеј на современа уметност. Едното со тегови околу врат; сите во полна сила, мирни со луѓе, пет женки и еден мажјак. Ниту едно стерилизирано, што укажува дека се користат за расплод.
ЈП Лајка постапи и ги залови, повикани беа инспектори на АХВ и МВР; и иако ЈП Лајка инсистираше на стерилизација и одземање на сите укажувајќи дека ова се најексполатирани животни; сопствениците добија амин од АХВ и МВР да се вратат, излезат од стационар нестерилизирани назад, и одговараат со глоба околу 200 евра.
Внимавајте – прогресијата на само една женка и нејзините легла, за пет години може да достигне и до 60 000 кучиња, во овој случај 5 женки од раси на кои ништо добро не им се пишува, без евиденција каде и за што ќе завршат, но со најава за црна прогноза.
Ниту АХВ ниту МВР не видоа простор ниту за одземање на животните , ниту за мандаторна стерилизација; во чувањето на кучиња на јавна површина кои имаат сила со еден угриз да убијат животно и човек не препознаа елементи на предизвикување јавна опасност; ниту препознаа индиции за постоење дива одгледувачница за животни чиј пород потоа завршува кој знае каде, но најчесто за учество во борби до смрт.
Ова е само една скица на системот кој колабира во мало, радикален фрапантен случај и одговор на прашањето зошто имаме безредие, организиран криминал, напади од животни, бездомни кучиња, па потоа убивање на животни!
Доцниме многу со регулирањето на одговорното сопствеништво, трговијата со животни; препознавањето и казнувањето на насилството врз животните. Да се забранеше неконтролираното размножување на кучиња, регулираше продажната дејност, даночеше сериозно секој кој има нестерилизана единка, субвенционираше стерилизација на секое вдомено, овој проблем одамна ќе беше решен. Да постоеше регистар на сопственици на одредени раси (кои се користат во борби), строги пропозиции за чување, ќе се воспоставеше контрола, ќе запреше голготата на кучињата кои многу често во борба одат и до смрт; граѓаните ќе беа побезбедни.
Ни сто Лајки не можат да ја намалат бројката бездомни животни, доколку секој еден поединец може во секакви услови да размножува куче; може да го продава; може да го мачи; и кога ќе му текне може да го исфрли на улица и не одговара. За нови заловени и третирани во Лајка денес, на улица се појавуваат сто исфрлени нови утре. Само во ЈП Лајка има повеќе од 40тина кучиња од раси кои ако се несоодветно чувани можат да бидат опасни, а повеќето се најдени на улица. И така ќе биде затоа што никакви контроли нема. Бараме новата Влада да внимава при назначувањето на министер за внатрешни работи, директор на АХВ; бараме луѓе кои се стручни, амбициозни и отворени за итни – неодложни измени на Законот за заштита и благосостојба на животните и Кривичниот закон.
Се обраќаме до јавноста и сите политички субјекти, консензуално и во најкус рок да се донесе измена на Законот за заштита на животните по предлог решенијата на Анима Мунди и сите останати здруженија кои со години најревносно се бавиме со оваа проблематика, која нема крај, зошто интересот бил некој друг!
Здружение за заштита на животни „АНИМА МУНДИ“