Унгарија ќе протера 10 руски дипломати обвинети за шпионажа, објави денеска унгарската министерка за надворешни работи Анита Орбан, наведувајќи дека тие дипломати ги прекршиле правилата на Женевската конвенција што ги регулираат дипломатските активности.
„Одлуката ја штити безбедноста и суверенитетот на Унгарија“, наведе Орбан на Х.
Орбан додаде дека Унгарија сака да одржува дипломатски врски со Русија врз основа на „неопходен дијалог, меѓусебно почитување и почитување на правилата“.
Унгарија последен пат протера руски дипломат во 2018 година, кога Будимпешта изрази солидарност со Велика Британија откако руската тајна служба наводно се обиде да го убие поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои живееја во Солсбери, Англија.




