Значително мнозинство европските граѓани го поддржуваат пристапувањето на Украина во Европска Унија, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на Фондацијата Бертелсман.
Дури 66 отсто од анкетираните Европејци го поддржаа членството на Украина во Унијата.
Но, поддршката варира од земја до земја во ЕУ. На пример, во Полска 84 проценти од испитаниците се изјасниле за членство на Украина во ЕУ, а во Германија и Франција 60 отсто.
Истражувањето покажува дека поддршката се намалува колку подолго трае војната во Украина.